На европската банка Euroclear и се заканува голем скандал откако е утврдено дека не може да се најдат над 10 милијарди евра, замрзнати средства од либиската влада која до војната ја водеше полковникот Моамер Гадафи.

Средствата беа замрзнати по налог на европските институции на повеќе сметки во Белгија преку Euroclear банката со цел да стесни обрачот околу Гадафи кој не прифати да се повлече од функцијата иако неговата земја се соочуваше со тешка граѓанска војна која тој релативно брзо ја изгуби и по вмешување на повеќе разузнавачки служби беше пронајден и ликвидиран на понижувачки начин.

Дури сега, се открива дека на сметските на либиските владини институции кои беа замрзнати има само 5 милијарди евра од вкупно 16,1 милијарди евра, тврди Денис Гоман, портпарол на јавниот обвинител на Белгија од Брисел.

Преостанатите средба со наредба треба да бидат целосно запленети, но Euroclear одбива да ги предаде сметките, по што ќе треба да се преземат присилни мерки

Од Euroclear банката тврдат дека од овие фондови плаќале камати кон различни финансиски институции во кои либиската држава имала средства, но тие се ликвидни средства и навистина е невообичаено 10 милијарди евра да исчезнат туку така дури и да се работи за месечни исплати на камати бидејќи од друга страна пак, треба да се слеваат и дивиденди. Истрагата на белгискиот обвинител започна по написи на локалните медиуми дека Euroclear не постапува со средствата согласно правилата на Обединетите нации.