media-i00001049w771h578q97Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги пред три недели соопшти дека стапката на инфлација оваа година поради постојаното опаѓање на цените на нафтата може повторно да постане негативна. Регион кој се состои од 19 земји би можел во среда да зачекори во таа насока, бидејќи според податоците на анкетата на Блумберг, за прв пат во последните пет месеци, покажуваат стагнирање на цените.

Тоа ќе биде нов удар за функционери на Европската централна банка, која во изминатите две години се обидува да ја покрене инфлацијата до посакуваните два проценти. Ова повторно ќе ја покрене дискусија за ризикот од дефлација. Функционерите на ЕЦБ истакнуваат дека се подготвени да ги преземат неопходните чекори, но пред донесувањето на такви одлуки треба да имаат убедливи докази.

Заводот за статистика на Европската унија податоците за инфлацијата во септември ќе ги објави во средата во 11 часот, во Луксембург. Прогнозите во анкетата Блумберг се од 0,3 проценти до минус 0,2 проценти. Еуростат, исто така, ќе ги објави податоците за невработеноста за август, додека Европската комисија податоците за економската доверба ќе го објави во вторник.

Цените на нафтата од крајот на јуни падна повеќе од 3 проценти. Падот на цените на нафтата го зголеми износот на пари со кој луѓето располагаат и довербата на потрошувачите која се зголемува како резултат на падот на невработеноста. Сето тоа домашната побарувачка ја претвори во клучен носител на економското закрепнување на еврозоната, но во исто време ја закомплицира работата на ЕЦБ.

Драги истакна дека програмата за откуп на обврзници дава резултати, но растењето на инфлација е бавно и послабо од очекувањето. Во септември ЕЦБ ја спушти прогнозата за стапката на растот на економијата и цените до 2017 година. Ревизијата и стравувањето дека забавувањето на економиите во развој ќе доведе до економско слабеење на еврозоната ги поттикна шпекулациите дека ЕЦБ ќе преземе нови чекори.