Романскиот стартап UiPath, кој развива програми за роботика, успешно дебитираше на Њујоршката берза, каде што собра 1,34 милијарди долари од продавачи на софтвер и инвеститори во почетната јавна понуда (ИПО) во средата, со скок на цената од 23 проценти.

Компанијата, чиј софтвер им помага на фирмите да ги автоматизираат процесите на работа што се повторуваат, продаде акции по цена од 56 долари за акција, над очекуваниот опсег помеѓу 52 и 54 американски долари, и го заклучи тргувањето со 69 американски долари по акција на затворањето на берзата, известува CNBC.

На затворањето, пазарната вредност на романскиот еднорог достигна 35,8 милијарди долари, пренесе Танјуг.

Според американската ТВ станица, ова е трето најголема ИПО досега на софтверска компанија на американската берза, зад продавачот на базаа на податоци во облак (клауд) Сноуфлејк, која во септември собра 3,9 милијарди долари и Квалтрикс, која повлече 1,78 милијарди долари во јануари, по одвојувањето од САП.

UiPath одлучи да излезе на пазарот на капитал во време на брз раст, кога компаниите од здравствениот сектор до производителите на енергија бараат начини за автоматизирање на бизнисот во нивните финансиски одделенијаза човечки ресурси и правни оддели.

Приходите на стартапот се зголемија за 81 процент минатата година на 607,6 милиони долари, намалувајќи ја претходната загуба на компанијата на 92,4 милиони долари од 519,9 милиони долари во 2019 година. Бруто маржата на UiPath од 89 проценти е меѓу најголемите во софтверскиот свет.

Компанијата е основана во Романија во 2005 година од Даниел Дајнс, поранешен инженер на Мајкрософт. Десетина години подоцна, Дајнс го премести UiPath во Соединетите Држави и го основа своето седиште во Њујорк, но тој исто така ја задржа ценралата во Букурешт, каде работат приближно една четвртина од 2.863 вработени со полно работно време во компанијата.

Дајнс контролира 88 проценти од акциите со право на глас и е најголем акционер на УиПат со над 110 милиони акции во вредност од над 7 милијарди долари, врз основа на цената на крајот на тргувањето во средата.