По China Eastern Airlines сега и Air China бара надомест за проблемите со 737 Max

Најголемите авиокомпании во Кина вршат притисок за компензација на Боинг: “Air China” во средата изјави дека поднела барање за компензација за исклучувањето на 737 Max – авионите. Дополнителен надомест беше побаран, бидејќи одложувањата се случија при испораката на новиот авион, соопшти компанијата.

Кинеската државна телевизија, изјави дека China Southern Airlines исто така бара компензација. Минатиот месец, China Eastern Airlines веќе поднесе барања за штети.

Народна република Кина беше една од првите земји во светот што го забранија 737 Max во март. Na oва му претходеа два смртни падови на авиони во Индонезија и Етиопија, при што 346 лица загинаа. Во меѓувреме, 737 Max беше забранет за летови низ целиот свет.

Пред да одлучат да ја укинат забраната, во четврток, воздухопловните власти од целиот свет ќе се состанат во Далас, на покана од Државната агенција ФАА за преглед на ревидираните безбедносни софтвери и обуки на Боинг.