Грција покрај предходните програми за спас нема целосно да излезе од кризата,  па ќе биде потребно да биде изложена на засилен меѓународен надзор во следните години, а можно е да и биде потребен и нов, четврт, пакет помош, сметаат западни економски експерти.

Претседателот на Работниот тим на Еврогрупата, Ханс Вејлбриф во интервју за атинскиот весник „Та Неа“ оценува дека кредиторите ќе треба да воведат контролен надзор над Грција во август, кога ќе заврши сегашната програма за спас, со цел да бидат сигурни дека ќе продолжи спроведувањето на договорените реформи.

– Доколку на Грција и биде овозможено намалување на долгот под одредени услови, логично е кредиторите да продолжат со следење на спроведувањето на реформите, додава Вејлбриф.

Според него, иако Атина сега тврди дека не сака нови кредитни линии, сепак е можно грчката Влада да се предомисли и да побара нов кредит,

Вејбриф смета дека во такви услови би морала да се усогласи некаква превентивна програма во која ќе бидат утврдени одредени услови, како по примерот на претходните помош пакети.

Аналитичарот на бриселскиот тинк-танк Брогел, Золт Дарваш е сигурен дека на Грција ќе и биде потребна четврта, веројатно превентивна, прогама за спас, со цел да ја зголеми довербата на инвеститорите.

– Доколку не бидат преземени дополнитечни мерки за олеснување на грчкиот долг, Грција по излезот од третата програма за спас ќе почне да се задолжува на финансиските пазари и по неколку години повторнио ќе се најде под притисок, што ќе ја принуди да прифати нова програма, смета Дарваш.

Затоа, според него, за Грција би било по безболно уште веднаш да прифати нов пакет помош.