На едно четиричлено семејство во јули му биле потребни 34.128 денари за да ги покрие основните месечни потреби, покажуваат податоците на синдикалната кошница што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.

Во јули минатата година, минималната кошничка изнесувала 33.265 денари што е зголемување за 863 денари.

Споредено со официјалните статистички податоци објавени за месечно исплатена плата во мај, трошоците на едно четиричлено семејство се поголеми за 5.407 денари.

Најмногу пари или 14.417 денари во јули биле потребни за храна и пијалоци, а 10.826 денари за подмирување на режиските трошоци. За превоз минимум биле потребни 2.528 денари, додека за хигиена 2.381 денар.

Остатокот е за обувки, облека, одржување на здравјето и за културни активности

Ова значи дека трошоците за живот растат, односно дека за да се подмират истите обврски сега се потребни повеќе пари.

“Од лани ние се соочувааме со зголемување на бројот на граѓани кои останаа без работа, односно без месечни примања поради пандемијата. Сите овие лица излегоа од статистиката на вработени заедно со нивните плати кои главно се на ниско ниво – односно плати кои се исплаќаат во ниско платени дејности. Главно поради ова просечната нето плата е во пораст” – коментирааат економистите.