Најмногу невработени во Македонија „пристигнале“ од секторот Преработувачка индустрија, покажува извештајот на Државниот завод за ревизија, кој е резултат на глобален проект што треба да даде оценка колку земјите ширум светот се подготвени за предизвиците во однос на работната сила во 2030 година.

Според анализата, дури 38 проценти од приливот на невработени, со состојба 31.08.2020 година се од фирми со претежна дејност од праработувачката индустрија. Потоа, 19 отсто се од секторот трговија на големо и мало, од објекти за сместување и сервисни дејности доаѓаат 9 проценти од невработените.