Во четвртиот квартал од 2023 имало 9.518 слободни работни места.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2023 година, стапката на слободни работни места изнесува 1,90 %. Бројот на пополнети работни места изнесувал 491.188, а на слободни 9.518.

Највисока стапка на слободни работни места од 3,44 % има секторот Градежништво, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,47 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 250 и повеќе имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,05 %.

Највисока стапка на слободни работни места има Пелагонискиот регион 2,62 %.