Македонија и Србија остануваат на работ на трговска војна. Белград не се откажува од воведување контрамерки откако скопје го усложни увозот на брашно.

Македонија и Србија остануваат на работ на трговска војна. Белград не се откажува од воведување контрамерки откако скопје го усложни увозот на брашно.
Српскиот министер за трговија утре доаѓа во земјава на разговори со македонскиот министер за земјоделство во обид да се испеглаат разликите.
„Освен купување на време од нивна страна нема подготвеност за решавање на проблемот“, вели министерот за трговија на Србија Расим Љајиќ. Од неговиот кабинет соопштија дека доколку утре не дојде решение, Србија ќе воведе контрамерки на Македонија, кои како што наведуваат, веќе се подготвени.
Македонскиот министер за земјоделство Љупчо Николовски, пак, изјави дека  „не знае за најавите за контармерки од Србија“, но оти се во постојан контакт и оти разговорите за наоѓање решение продолжуваат. Проблемот со увозот на српското брашно настана откако Македонија пред еден месец наложи брашното да се одбележува со маркички по неговото дистрибуирање и целосна контрола во земјава на што реагираше Србија која смета дека со тоа се воведуваат дополнителни бариери и се отежнува трговијата