На повидок е трговска војна – брашното пак ги скара Македонија и Србија. Тамошните земјоделци бараат контра мерки откако овдешните власти го отежнаа увозот.

На повидок е трговска војна – брашното пак ги скара Македонија и Србија. Тамошните земјоделци бараат контра мерки откако овдешните власти го отежнаа увозот.
Новите мерки го направиле речиси неисплатлив увозот на брашно од Србија во Македонија. Според нив брашно се извезува без маркички па потоа се складира и по фитосанитарниот преглед се одбележува. Но, за ова треба дополнителен процес на распакување и ангажирање луѓе што ја зголемува цената и времето на испорака.
„На увозниците со тоа значително им се зголемени трошоците и бизнисот со Србија станува економски неисплатлив. Реално е да се очекува пад на извозот на српското брашно“ велат во српското здружение „Житоунија“ од каде и бараат нивните власти да воведат контра мерки за македонските земјоделски производи.