Џејми Дејмон, извршен директор на JP Morgan Chase, верува во закрепнување на економијата, но сепак е загрижен за растечката разлика во богатството.

– Американскиот сон пропаѓа, а нееднаквоста во приходите е во нагорна линија – рече Дејмон во интервју оваа недела. Како што наведе, добрата вест за Американците е дека економијата се подобрува, делумно поради стимулациите на федералната влада пренесува БизВиз.

– Потрошувачот денес има одредена сума пари, главно од стимулации, надоместоци за невработеност и слично. Нивните биланси се во многу добра состојба. Нивната доверба расте – рече Дејмон и додаде дека сопствениците на домови и луѓето со портфолио на акции имаат најмногу придобивки.

„Ќе има мала еуфорија од пандемијата“, рече тој. – Според мое мислење, тоа дефинитивно ќе ја охрабри економијата, која ќе остане силна со години – Дејмон не штедеше на зборови кога зборуваше за многуте предизвици со кои се соочуваат сиромашните во таа нација – како и за постојаните неправди од кои афроамериканците страдаат.

– Смртта на Џорџ Флојд ја истакна расната нееднаквост што постои стотици години – изјави Дејмон. Како што објасни, неговата банка исто така се обврзала да потроши повеќе за да им помогне на Афроамериканците да добијат работа и да финансираат поволни станбени заеми.

Тој додаде дека ЈП Морган Чејс позајмува повеќе на мали бизниси во сопственост на афроамериканци и сака да ангажира и обучи повеќе менаџери од сите националности.

Дејмон истакнува дека во САД има „сериозни проблеми“, вклучително инфраструктура, образование и здравствена заштита.

– Америка е исклучителна. Америка има неверојатна енергија. Но, мора да сториме нешто за да ги решиме овие проблеми – рече тој. Сепак, со цел да се подобрат некои работи, можно е да се вклучи владата и да се работи стратешки. Тој додава дека „компаниите не можат да го сторат тоа сами“.

Исто така, го поддржува подигнувањето на минималната плата на „многу повисоко ниво“ и ја поддржува идејата дека најбогатите лица во земјата треба да плаќаат повеќе даноци за да помогнат во финансирањето на овие програми. За тоа зборуваше мега-милијардерот Ворен Бафет со години наназад.

Но, Дејмон е против значително зголемување на данокот за многу компании, пишува БизВиз.

– Ако треба да ги зголемите даноците, сторете го тоа на приходот на богатите. Тоа ќе биде далеку поефикасно во растот на економијата отколку оданочувањето на примарните капитални инвестиции – рече тој.