На едно македонско семејство му требаат минимум околу 1.000 евра за да може да го преживее месецот, а доколку нема сопствен дом и плаќа кирија, тогаш не му стасуваат ниту 75 илјади денари за да ги подмири основните трошоци. Официјалните податоци велат дека од вкупниот број на вработени, кој изнесува нешто над 690 илјади, повеќе од 100 илјади се на минималец. Ова покажува дека на семејствата во кои еден е вработен и зема минимална плата, им недостасуваат повеќе од 500 евра за да го преживеат месецот. Доколку во едно семејство двајца работат и се на минималец, тогаш им недостигаат околу 250 евра во месецот.

На едно македонско семејство му требаат минимум околу 1.000 евра за да може да го преживее месецот, а доколку нема сопствен дом и плаќа кирија, тогаш не му стасуваат ниту 75 илјади денари за да ги подмири основните трошоци. Официјалните податоци велат дека од вкупниот број вработени кој изнесува нешто над 690 илјади, повеќе од 100 илјади се на минималец. Ова покажува дека на семејствата во кои еден е вработен и зема минимална плата им недостасуваат повеќе од 500 евра за да го преживеат месецот. Доколку во едно семејство двајца работат и се на минималец, тогаш им недостигаат околу 250 евра во месецот.

Податоците од ССК покажуваат дека вредноста на синдикалната минимална кошница за мај 2024 година изнесува 60.090 денари. Најголем дел од трошоците, односно 21.689 денари одат на храна и пијалаци, за облека и обувки на едно четиричлено семејство во мај му се потребни 4.928 денари, а за режиски трошоци и станарина 6.014 денари. За транспорт се двојат по 5020 денари од семејниот буџет.

– Ако во едно семејство еден е вработен и зима минимална плата ќе му недостасуваат повеќе од 500 евра за да го преживеат месецот. На семејствата пак во кои двајца работат и се на минималец им недостасуваат околу 250 евра во месецот. И покрај тоа што статистички инфлацијата секој месец се намалува, на терен ситуацијата е поинаква. Нашите податоци покажуваат дека цените на храната континуирано растат. Во однос на минатата година се пораснати од 40 до 80 отсто. Пазарниот инспекторат треба почесто да прави контроли и да се види која е причината за постојаниот раст на цените, дали е во прашање производителот или високите маржи. Исто така, треба да се види зашто цените за еден ист производ се различни во различни маркети, изјави за весникот ВЕЧЕР, Љупчо Радовски, од Сојузот на синдикати на Македонија.

Според него, нема да има никаков ефект ако минималната плата се зголеми на 450 евра, а цените продолжат да растат.

-Нема да ја постигнеме целта, повисок стандард на граѓаните ако цените продолжат да растат. Ако платата ја зголемиме за 100 евра, а истовремено синдикалната минимална кошница порасне за 100 евра, не сме направиле ништо, објаснува Радовски.

Од ССМ велат дека платите мора постојано да растат за да ја зачуваат куповната моќ на граѓаните. Она што досега се правеше не беше зголемување на платите, туку само усогласување со минималната плата. Платите поради недостиг на работна сила растеа само во приватниот сектор. Ако го земеме делот за храна и пијалаци во една синдикална кошница ќе видиме дека тој изнесува колку една минимална плата.

Според економските експерти се намалува влијанието на глобалните цени врз домашниот пазар. Тие сметаат дека мерките што беа преземени во изминатиов период, дадоа некаков ефект и сега има поголема стабилност на цените, но сепак борбата со инфлацијата сè уште не завршена.