Македонска берза го објави месечниот статистички билтен за јануари 2021 година. Од истиот може да забележиме дека акциите на Комерцијална банка се најатрактивни воедно и најтргувани на берзата во месец јануари 2021 година, со промет од 172.408.665 денари или 2.800.110 евра

Количински се истргуваа 22.746 акции, по просечна цена од 7.620,71 денар.

На второ место се акциите на НЛБ Банка Скопје со промет од 71.320.758 денари или 1.158.751 евра. Во 207 трансакции, истргувани се вкупно 3.817 акции на НЛБ Банка, по просечна цена од 18.713,84 денари по акција.

Во топ три, на трето место со промет од 55.229.318 денари или 896.990 евра се акциите на Алкалоид Скопје, каде во месец јануари количински се истргувани 4.023 акции, по просечна цена од 13.692,27 денари по акција.