Во година во која цената на храната и земјоделските производи постојано расте, Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство преземаат конкретни мерки за зголемување на домашното земјоделско производство. Преку седум јавни огласи на располагање ставдни се вкупно 13.758 хектари државно земјоделско земјиште, за обработка на житни култури, за подигнување на долгогодишни насади и за производство на сточна храна, изјави на денешната прес-конференција, Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Тој додава дека овие парцели земјоделско земјиште се распоредени низ целтата територија на државата со површини до и над три хектари. Со тоа, секоја педа обработливо земјиште ја ставаме на располагање на земјоделците, за да се зголеми домашното производство и да се намали зависноста од увоз.

Георгиевски истакна дека за да им се излезе в пресрет на земјоделците во овие комплицирани времиња, даваме поддршка за набавка на вештачко ѓубриво, помагајќи до 40% од трошоците на земјоделците, а парите за оваа поддршка земјоделците ги добиваат брзо во рок од 7 денови по аплицирањето. За оваа мерка до сега исплатени се вкупно 86 милиони денари за 5.475 земјоделци.

Тој додаде дека преку ребалансот на буџетот кој е изгласан во Собранието, обезбедивме дополнителни 3,2 милијарди денари за директна поддршка на над 45.000 земјоделци. Овој земјоделски буџет има за цел расчистување на сите заостанати обврски кон земјоделците, а започнуваме и со авансна исплата на субвенциите во рок од 90 дена по аплицирањето.

Како одговорна партија, низ партнерски однос продолжуваме да реализираме мерки и проекти што значат поддршка за земјоделците и унапредување на условите за нивна работа, додаде Георгиевски.