Од почетокот на пандемијата 19.174 лица се евидентирани како невработени. Нивните одјави од задолжителното социјално осигурување носат датум во периодот од 11 март 2020 до 31 јануари 2021 година.

Уште еден проблем, според Агенцијата за вработување во однос на невработените е тоа што тие не се пријавуваат навреме, било како активни или како пасивни баратели на работа и со тоа тие се бришат од евиденцијата.

Заклучно со денеска околу 54.000 лица доцнат со пријава во евиденцијата на невработени лица.

Сите тие, од утре, па во наредните 30 дена, треба да ја регулираат својата обврска – за активните баратели на секои 30 дена, додека за пасивните на шест месеци.