Во 30 земји во целиот свет полицијата во глобална акција уапси 228 лица за перење пари и идентификува илјадници ,,финансиски мули”.

Полициите од триесет држави уапсија 228 лица и идентификуваа илјадници „финансиски мули“ како дел од масовната операција против перење пари, соопшти денеска Европол, агенција за криминалистичко разузнавање на Европската Унија.

Повеќе од 1.000 кривични истраги беа спроведени во операцијата од септември до ноември и „многу од нив сè уште се во тек“, се вели во соопштението на Европол.

„Повеќе од 650 банки, 17 банкарски здруженија и други финансиски институции помогнаа во извештајот за 7520 измамнички трансакции спроведени од финансиски мули. Ова спречи вкупна загуба од 12,9 милиони евра“, соопшти Европол.

Операцијата, покрај Европол (Европска полициска канцеларија), поддржана од Еуроџуст (Европска алијанса за судска соработка) и Европската банкарска федерација (ФБЕ), идентификуваа 3833 „финансиски мули“ и 386 регрути, од кои 228 се уапсени.

„Финансиските мули” често и несакајќи учествуваат во перењето пари со примање и трансфер на нелегално заработени пари, објасни Европол.

Лицата што заработуваат пари од овие „мули“ се особено активни на социјалните мрежи каде ги убедуваат своите жртви „да отворат банкарски сметки под изговор дека преку нив ќе испраќаат или примаат пари“, соопшти Европол.

Операцијата била спроведена во 31 земја, вклучително и Германија, Белгија, Шпанија, Швајцарија, Велика Британија, САД и Австралија.