Увозот на цигари на глобално ниво минатата година достигна вредност од 21,4 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

Македонија е 87-ма во светот со увоз на цигари во висина од 22,6 милиони долари. Најголем увозник е Јапонија каде што минатата година се увезени цигари вредни 2,2 милијарди долари. Меѓу петте најголеми увозници на цигари лани беа и: Италија (две милијарди долари), Шпанија (1,4 милијарди долари), Германија (1,3 милијарди долари) и Франција (1,3 милијарди долари).

Од земјите во регионот, Грција е најголем увозник на цигари со 174,8 милиони долари. Следни се: Бугарија (103 милиони долари), Хрватска (80,4 милиони долари), Словенија (79,4 милиони долари) и Србија (62 милиони долари).