Студија на невладината организација ПАН објави дека овошјето во цела Европа содржи забранети пестициди, Белгија е меѓу најлошите ученици, јави дописничката на МИА од Брисел.

ПАН е невладина организација специјализирана во прашањето на пестициди во прехранбени производи како овошје. Наодите на организацијата се поразителни за Европската Унија. Помеѓу 2011 и 2019 обемот на пестициди се зголемил во овошјето во ЕУ, и покрај обидите на ЕУ да го регулира прашањето.

Наодите се базираат врз податоците на официјалните надлежни агенции на ЕУ. Од 2011 обемот на пестициди е зголемен за 53 отсто, меѓу кои има и “екстремно токсични“ и кои се забранети повеќе од 10 години во ЕУ. Белгија покажува рекордно лош резултат, бидејќи 34 отсто од анализираните примероци се контаминирани, подобро се рангирани Ирска, Франција, Италија и Германија.

Невладината пронашла опасни производи во овошјето како инсектициди и хербициди во производите, овие синтетични производи се меѓу најопасните за човечкото здравје. Земјите членки на ЕУ се охабрени од 2011 да стават крај на оваа пракса, но очигледно дека националните регулатори не ја вршеле својата должност при процените.

Организацијата алармира дека најризични супстанци се, меѓу другото, Тебуконазол, но и многу други, тие можат да предизвикаат стерилност, паркинсонова болест и ракови, пред сѐ леукемии и тумори на централниот нервен систем, според францускиот институт за здравје во студија од 2021.

Најконтаминирано овошје во Белгија, и другите европски земји, се крушите, капините, праските, јагодите, црешите и кајсиите. Анализиран е и зеленчук, највеќе опасни супстанци се пронајдени во целерот, и зелките.