Потрошувачката кошничка за декември изнесува 56 илјади денари. 25 илјади работници живеат со минимална плата, велат од Сојузот на синдикати. Промовираа нова методологија за пресметка на потрошувачката кошничка…

Над 56.000 денари му биле потребни на едно четиричлено семејство да го помине месецот ако живее во сопствен дом од околу 60-тина квадрати. Ако плаќа кирија, синдикалната кошничка ќе биде потешка за околу 21.300 денари, велат од Сојузот на синдикати. Најавија нова методологија за нејзина пресметка. Внесени се и трошоците за образование, комуникации и ресторани.

Според пресметката на ССМ, 25 илјади работници живеат со минимална плата од 20.175 денари. Граѓаните велат дека не можат да врзат крај со крај со примањата.

ССМ ја потсети министерката Тренчевска дека зад нас е тешка година со најголем генерален штрајк и бројни дебати.

И додека јавноста слуша ветувања за подобар стандард и плати, анализите говорат дека две минимални плати не се доволни да се преживее месецот.