Нето-приходите од камати на крајот од 2018 година изнесуваат 1.170,9 милиони денари и во однос на истиот период минатата година се намалени за 11,4 милиони денари, или за 1 % со реализација на планот од 94,4 %.

Охридска банка АД Скопје за периодот од 1.1.2018 до 31.12.2018 оствари добивка во износ од 577.200 илјади денари.

Нето-приходите од камати на крајот од 2018 година изнесуваат 1.170,9 милиони денари и во однос на истиот период минатата година се намалени за 11,4 милиони денари, или за 1 % со реализација на планот од 94,4 %.

Нето-приходот од провизии и надоместоци, во износ од 316,2 милиони денари, е зголемен за 35,5 милиони денари, или за 12,6%, во однос на истиот период минатата година, со реализација на планот од 103,0%.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 136 милиони денари, и се зголемени за 10,5 милиони денари или за 8,4 % во споредба со истиот период од минатата година, со реализација на планот од 102%.

Другите приходи изнесуваат 147,7 милиони денари во што се вклучени остварените приходи од отстапување на претходно отпишани побарувања.

Вкупните оперативни трошоци во периодот јануари ‒ декември изнесуваат 761,9 милиони денари, се пониски од планираното за 5%, а споредено со претходната година, бележат намалување од 13,8 милиони денари, или 1,8%.

Исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа на крајот од 2018 година изнесува 381,5 милиони денари и, споредено со истиот период во 2017 година, е помала за 108,5 милиони денари, односно за 22,1 %.