Цените на нафтата забележаа значителен пад на светските пазари по информациите дека САД и Иран се приближуваат кон можен мировен договор, кој би можел да донесе стабилизација на состојбите и да го намали притисокот врз енергетскиот сектор.

Цената на американската сурова нафта WTI падна за 1,2 отсто, на 86,69 долари за барел, додека северноморскиот тип „Брент“ се намали за 1,1 отсто и достигна 89,40 долари за барел.

Аналитичарите оценуваат дека движењата на глобалните пазари во наредниот период ќе зависат од текот на преговорите меѓу Вашингтон и Техеран и од тоа дали ќе биде постигнат договор кој би донел поголема стабилност во регионот.