Нагло порасна цената на нафтата . Ова се случи откако се појавија извештаи дека САД се подготвуваат за продолжена блокада на Иран.
Глобалната референтна цена на нафтата Брент надмина 120 долари за барел, ова највисоко ниво од средината на 2022 година.
Ова е и нов максимум од почетокот на воената ескалација на Блискиот Исток, но и по најавите дека американскиот претседател Доналд Трамп разгледува продолжување на поморската блокада на иранските пристаништа, јави Си-ен-ен.
Би-Би-Си пак дознава дека лидерите на енергетските компании, вклучувајќи го и извршниот директор на „Шеврон“, Мајк Вирт, се сретнале со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа во вторник. Темата на дискусија била како да се ублажат последиците од конфликтот за американските потрошувачи.
Трговците со нафта очигледно го протолкувале состанокот како знак дека блокадата на Ормутскиот теснец, клучен за глобалното снабдување, ќе продолжи. Според функционер на Белата куќа, на состанокот се разговарало за домашното производство на енергија, напредокот во Венецуела, фјучерсите за нафта, природниот гас и превозот. Средбата била опишана како дел од редовните состаноци на претседателот со раководителите на енергетскиот сектор.