НЛБ Банка во периодот од 05.12.2018 до 15.01.2019 година организира наградна игра за сите корисници на NLB Pay мобилниот паричник.
Наградната игра се однесува на сите нови и постоечки корисници на NLB Pay мобилната апликација. Наградната игра е наменета за физички лица, постојни корисници на NLB Pay, како и за новите корисници кои во периодот на наградната игра ја имаат активирано NLB Pay мобилната апликација и имаат дигитализирано барем една НЛБ Mastercard картичка.
Во рамките на наградната игра ќе бидат доделени 112 дневни награди (дневно по два добитници на Bluetooth слушалки и два добитници на полнач за мобилен телефон) и 6 неделни награди – мобилен телефон Samsung S9.
Извлекувањето на наградите ќе се одвива секој работен ден а добитниците ќе бидат објавувани на www.nlb.mk
Последното извлекување ќе биде спроведено на 16.01.2019 година.
Повеќе информации за наградната игра може да се добијат на веб страницата http://www.nlb.mk, во најблиската експозитура на Банката или на телефон 02/ 15 600.