OB_web_01

Во периодот од 24.11.2014 до 31.12.2014 сите полнолетни граѓани на Република Македонија кои се клиенти на Охридска Банка и воедно се корисници на платежни картички издадени од банката со знакот на Маестро и Мастер кард ќе имаат можност да учествуваат во наградната игра.

Единствен услов за учество е корисниците на платежни картички издадени од Охридска Банка во периодот додека трае наградната игра да направат минимум 15 трансакци, секоја во вредност од минимум 150 МКД. на кое било продажно место на територијата на Република Македонија каде постојат услови за плаќање преку ПОС терминал.

Извлекувањето ќе се одржи на 12.01.2015 а резултатите ќе бидат објавени на официјалната интернет страница на Охридска Банка најдоцна во рок од три дена од денот на завршувањето на истото.