(Време за читање 6 минути)

Блокчејн технологијата е апсолутно заразна и привлекува повеќе и повеќе инвеститори секој ден.  Ако сте еден од тие инвеститори, класично прашање со кое ќе се соочите е пронаоѓање на вистинскиот паричник. Во мојата последна статија зборував за типовите на дигитални паричници. Денес би сакал да кажам неколку зборови за најбезбедните паричници кои може да ги најдете. Доколку сте нови во криптовалутите секогаш најдобриот начин е да :

 

  • Го преземете официјалниот паричник од монетата, од нивната официјална веб-страница
  • Набавете хардверски паричник или направете хартиен паричник

 

  • Хардверски паричници

 

Доколку сакате вашата инвестиција да биде максимално безбедна и планирате да работите со криптовалути кои имаат висока вредност, мора да поседувате хардверски паричник. Хардверските паричници се познати како ладни паричници, бидејќи тие не се поврзани на интернет. На хакерите и малициозните софтвери ќе им биде многу тешко да пристапат до вашиот паричник, дури и ако физички го украдат од вас. Можете да го користите вашиот ладен паричник за да ги префрлите средствата во вашиот онлајн жежок паричник, а потоа повторно да го исклучите и да го чувате на безбедно место. Овие паричниците не се многу скапи,  иако некои од нив може да чинат и повеќе од 100 долари. Па, ајде да ги погледнеме некои од најбезбедните хардверски паричници:

 

   ЛеџерНано (LedgerNano)

 

Поддржува повеќе видови на монети како – Биткоин,  Лајткоин,  Етериумитн.  ЛеџерНано е мал (USB) уред  со (OLED) дисплеј за трансакции со двојни проверки.  Има систем за отклучување сопин код и (2FA) автентикација. Неговата цена е околу 80 долари.

 

    Трезор (Trezor)

 

Трезор е најстариот хардверски паричник на пазарот. Трезор можеби нема некои модерни одлики кои ги има ЛеџерНано , но сеуште е многу побезбеден од голем број на паричници на пазарот. Трезор исто така, поддржува повеќе криптовалути како – Биткоин, Етериум, Даш, Лајткоин и уште неколку. Неговата цена е околу 100 долари.

 

   КипКи (KeepKey)

 

Се смета за еден од најбезбедните хардверски паричници на пазарот. Тој ви овозможува да зачувате неограничен број на приватни клучеви. Со КипКи можете да зачувате Биткоин, Етериум, Лајткоин, Даш, Доџ, Нејмкоин. Неговата сегашна цена е околу 120 долари.

 

  • Софтверскипаричници

Софтверските паричници се сметаат за жешки паричници, бидејќи тие се поврзани на интернет поголем дел од времето, што ги прави ранливи на напади. Овде имате десктоп, мобилни и онлајн паричници. Иако жешките паричници се ранливи, многу од нив се се безбедни. Значи ,најдобро е, како што вели поговорката:  Не ги чувајте сите јајца во иста кошница. Сигурен начин на чување е да ги задржите вашите долгорочни средства во ладен паричник, а средствата кои што сакате да ги користите во жежок паричник. Најважно кога користите жешки паричници е да воспоставите максимална сигурност, како на пример:  редовно да го ажурирате софтверот, да не ги чувате вашите средства на менувачниците,  да ги чувате клучевите заштитени,  да користите сложени лозинки и (2FA)фактори. Сега, да ги видиме некои од најбезбедните жешки паричници:

 

  Blockchain.info

 

Blockchain е повеќе за Биткоин, БиткоинКеш и за Етериум. Тоа е апликација за мобилни уреди како за (IOS), така и за (Android). Оваа апликација, исто така делува како веб-паричник. Паричникот на blockchain е бесплатен и можете да направите сметка веднаш.

  MyEtherWallet

 

Овој паричник е специјално направен за Етериум валутата. Овој паричник е лесен за користење, бидејќи ви овозможува да креирате нов паричник без да мора да го преземете целиот (blockchain) ,бидејќи едноставно ја користите веб-апликацијата. Вие не мора да креирате сметка на нивниот сервер. Едноставно мора да креирате паричник, кој ќе го задржите за себе, каде што можете да извршувате трансакции на блокчејнот.

 Jaxx

 

Најголемата предност на (Jaxx) е тоа што ги поддржува многу од водечките криптовалути како Биткоин, Лајктоин, Етериум, Даш и многу повеќе. Може да го инсталирате на вашиот мобилен или можете да го отворите на интернет. (Jaxx) има многу добри мерки за безбедност и приватност, бидејќи вашите приватни клучеви се испраќаат до вашиот локален уред, а не на некој сервер. Ова значи дека имате целосен пристап до вашите крипто фондови и (Jaxx) не поседува и нема пристап до вашите средства.

 Exodus

 

(Exodus) е многу солидeн десктоп паричник кој ви овозможува да чувате Биткоин, Лајткоин, Етериум и многу други валути. Како и другите деловни паричници, (Exodus)ги зачувува вашите криптовалути директно на вашата машина. (Exodus) е лесен паричник, така што никогаш не треба да го превземете целиот блокчејн .

 Bread

 

(Bread)претходно беше познат како (breadwallet) и преставува бесплатна апликација за дигитален паричник за Биткоин . Тој е еден од најлесните мобилни паричници за почетници. Се што ви треба е да го преземете паричникот, да изберете код за пристап и да започнете да ги испраќате и примате вашите валути. Нема имиња за најава и лозинки. За сега овој паричник го поддржува само Биткоин.

 

  • Хартиенипаричници

 

Хартиените паричници едноставно го претставуваат јавниот и приватниот клуч испечатени заедно, обично во форма на (QR)код и буквите и броевите што служат како адреса. Тој е офлајн паричник, и се смета за ладен паричник. Некои хартиени паричници имаат одличен дизајн кој можете да го пресечете и превиткате.  Овие паричници се целосно ладни. Ако некој го најде вашиот испечатен паричник, може да ги украде вашите средства. Значи треба да бидете сигурни дека испечатениот паричник е на многу безбедно место. Исто така, мора да бидете внимателни за мастилото да не исчезне со текот на времето, со што клучевите ќе постанат нечитливи. Ако клучевите се нечитливи, нема да имате монети. Еве неколку добри генератори за хартиен паричник.

 

 Bitaddress.org и Walletgenerator.net

 

Овие паричници се од отворен тип и користат клучеви кои генерираат случајни адреси, кои го користат двигателот за (JavaScript) на вашиот интернет пребарувач, така што клучевите не се испраќаат преку интернет. Со поместување на глувчето на компјутерот ја генерирате секвенцата за клучот. Таа случајна секвенца потоа се користи за генерирање на вашите јавни и приватни клучеви, кои се прикажани на екранот за печатење.

 

–   Mycelium

 

(Mycelium) нуди оригинален и уште побезбеден начин за генерирање на хартиени паричници, а тоа е со (USBdongle) кој го поврзувате директно во вашиот печатач. Уредот генерира хартиен паричник кој автоматски се печати, без да го допре вашиот компјутер.

 

Ова се некои од најбезбедните паричници кои може да ги најдете на интернет. Ве молам, не ми замерувајте ако пропуштив некои паричници. Безбедноста секогаш зависи од вас, каков вид на безбедност ќе изберете. Најбезбедна опција се хардверските и хартиените паричници. Иако хардверскиот паричник на прв поглед може да ви се чини скап, тој нуди најдобра опција за складирање на криптовалутите, комбинирајќи ја безбедноста и функционалноста. Хартиените паричници се исто така многу безбедни, но мора да се грижите за отпечатениот примерок.

 

Мора да го чувате на безбедно место, некаде каде што не може да се оштети. Може да направите дури и неколку копии од паричникот. Најнесигурна опција е онлајн паричникот, бидејќи вашите клучеви ги чува трето лице. Сепак, постојат и пристојни онлајн паричници.  Без оглед  која опција ќе ја изберете, мора да бидете екстра внимателни.  Конечната одлука е секогаш ваша и треба да го одберете оној паричник кој ви овозможува да спиете мирно ноќе.

 

Ви благодарам што читавте

Следете ме на Фејсбук :  http://bit.ly/2zDUBpp

Регистрирајте се на мојот блог :   https://darkokipariz.blogspot.com/