Само околу половина од милионерите во светот се согласуваат со компаниите за управување со богатството, а многу од богатите се повеќе се заинтересирани да инвестираат во криптовалути. Ова е јасно од студијата на француската консултантска група „Capgemini“, цитирана од „Ројтерс“.

Луѓето со големо нето богатство – кои се дефинираат како оние со најмалку 1 милион долари за инвестиции, исклучувајќи го домот во кој живеат, или имотот од ликовна уметност и автомобили, имале рентабилност со 20% во 2017-та, втора година по ред.

Така, нивнаото вкупно богатство достигна сума од над 70 илјади милијарди за прв пат, со очекувања за тоа да бидат 100 илјади милијарди долари до 2025-та година, се вели извештајто за светското богатство на „Capgemini“.

И покрај зголемувањето на нивниот статус, тоа не ги направило позадоволни од компаниите што управуваат со нивните средства.

Само околу 56% од милионерите велат дека одржуваат „многу добар“ однос со нив, а 70% се потребни според консултантската агенција.

Од податоците станува јасно дека во изминатата година ентузијазмот на богатите кон криптовалутите порасна, а 29% од милионерите изразуваат силен интерес кон купување или поседување на таков вид платежни средства. Во исто време, речиси 27% изјавиле дека имаат интерес, се вели во извештајот.

Сепак, само една третина известија дека добиле информации за таквите можности од нивните компании.

„И покрај регулаторната несигурност и внимателноста на компаниите да им пречат на криптовалутите да влезат во индустријата на компаниите за управување со богатството, силна побарувачката за информации за криптовалутите од помладите луѓе со големо нето богатство е веројатно да ги принуди компаниите за управување со богатството барем да развијат и да понудат гледиште во наредните месеци“, се вели во извештајот.