Најстарата италијанска банка и една од првите финансиски институции во светот – „Banca Monte dei Paschi di Siena“ (BMPS), забележа повторно добивка по две години на годишна загуба.

Благодарение на кратенките на трошоците и намалување на надоместоците за загуби по кредити банката забележа профит од 188 милиони евра во првиот квартал од годината, пишува „Bloomberg“. За споредба, една година порано, банката загубила 169 милиони евра. Најновите резултати ги побиваат прогнозите на аналитичарите за загуба од 40,5 милиони евра.

Главниот извршен директор Марко Морели се обидува да ја закрепне долгорочната профитабилност на банката скратувајќи работни места и филијали, подобрување на квалитетот на нејзината актива. Според неговите зборови, тој очекува да се стабилизира профитот до крајот на 2018-та година, по двегодишни лоши резултати поради процесите на реструктуирање.

Надоместоците за загуби по кредити на банката се намалени до 138 милиони евра во првото тримесечје од 309 милиони евра од една година порано, откако „BMPS“ успеа да го забрза падот на влошените долгови.

Морели во четвртокот објави завршување на секјуритизацијата на нефункционалните кредити од 24,1 милијарди евра.

Минатата година „BMPS“ побара државна помош откако проблематичната банка не успеа да собере доволно средства од приватните инвеститори. Италијанската влада интервенираше, добивајќи 68% од акциите во банката. Властите вложија 5,4 милијарди евра како дел од програмата за рекапитализација во вкупна вредност од 8,3 евра.

Претходно минатата година „Banca Monte dei Paschi di Siena“, која е четврта по големина банка во земјата,направи реконструкција во раководството и тоа, го промени претседателот и членовите на нејзиниот одбор. Во декември Стефани Бариати го презеде местото на претседателот Алесандро Фалчаи, кој се повлече од лични причини.

Новиот одбор ќе ја предводи банката до 2019-та година. Се состои од 14 лица – еден повеќе од претходните 13.