Во првото тримесечје од 2023 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесува 3,13 милијарди денари и во однос на истиот период од претходната година се намалени за 35,3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 58,7 отсто додека кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e забележано зголемување за 21,0 отсто.

Значително намалување е забележано кај полјоделството, рибата и другите производи, а кај останатите производи е забележано зголемување.