Економската активност во еврозоната е намалена во март, според индексот на менаџерските набавки „PMI“, изготвен од „IHS Markit“. Податоците, исто така, откриваат дека инвестициите се забавиле и во производството и во услужниот сектор.

Забавувањето на деловната активност се должи на лошите временски услови во северните региони на еврозоната и на непропорционалното зголемување на продуктивноста во валутната унија и синџирите на снабдување, коишто им служат на бизнисите, велат од аналитичарската компанија.

Конечниот „PMI“ индексот на крајот на март достигна 55,2 поени, во однос на 57,1 на крајот на февруари, што укажува на сериозна промена во очекувањата на бизнис лидерите за деловната клима во евро-зоната. Сепак, индексот кој собира податоци од земја до земја останува релативно висок, што покажува дека економскиот раст во изминатите 57 месеци ќе продолжи и во април, иако не со толку поволно темпо.

„PMI“ по држави ја истакна деловната клима во Франција и Шпанија како најповолна со 56,3 и 55,8 поени, соодветно. Од друга страна, податоците за Ирска бележат 57-месечен минимум со 53,7 и Италија за 14-месечен минимум на 53,5 „PMI“ за земјата.

Ситуацијата останува поволна и на пазарот на трудот, каде што позитивните очекувања на производителите и давателите на услуги за раст во текот на следните 12 месеци позитивно влијаеле врз бројот на работни места.

Економија на високи брзини

Компаниите го запишаа најповолното влијание по линија на цените во текот на изминатите три месеци, каде што поевтинувањето на нафтата значително го забави растот на трошењето на компаниите. Стравот од трговска војна меѓу САД и Кина, каде што европските економии се засега странични набљудувачи, ги принудија лидерите на компаниите да заземат пасивна деловна позиција и покрај поволната економска ситуација.

„Економијата на еврозоната го намали темпото на развој во март, иако се уште е исклучително динамична. Иако вредностите на конечниот „PMI“ укажуваат на најслабиот раст на бизнис активноста од почетокот на минатата година досега, зацврстувајќи ги знаците дека економскиот раст се забавува, истражувањата се уште се индикативни дека економиите во Европа одат на брзини од 0,6% квартален раст во март, што е пад од нестабилно брзите 0.8 – 0.9% од почетокот на 2018 година“, вели Крис Вилијамсон, главен економски советник во „IHS Markit“.