Нови, намалени цени од  денеска во маркетите. Тестените се продаваат за 15% поевтино, млекото и млечните производи за 10. Премиерот е задоволен, замрзнатите цени на основнитите прехранбени производи, вели дека ќе го подобрат стандардот на граѓаните.

Лично се уверив дека се почитуваат одлуките што ги донесовме. Ова сметаме дека ќе придонесе за олеснување на семејниот буџет на граѓаните. Нема да дозволиме личен профит врз грбот на граѓаните. Очекувам компаниите да имаат разбирање за општото добро. Владата продолжува да го штити стандардот и интересот на граѓаните – изјави Димитар Ковачевски, премиер

Но намалување на цените, не е доволно за да се подобри семејниот буџет, сметаат граѓаните. Производите  драстично  поскапеа – трговците профитираат, а народот осиромашува. Затоа сметаат дека процентот на зaмрзнување требаше да биде повисок.

Граѓаните да не стравуваат, уверува министерот за економија Бектеши. Веќе се подготвува нов пакет мерки, кој ќе биде објавен во април, а од наредната недела ќе се замрзнат цените и на други производи.

Владината мерка стапи на сила откако производителите и трговците не го испочитувале договорот – односно добија субвенционирана струја од државата, а цените не ги намалија.

Дури 85% од компаниите не ги намалија цените, ние испративме извептај во Министерство за економија, изјави Горан Трајковски, директор на Државен Пазарен Инспекторат

Инспекторите се на терен. Проверуваат дали се намалени цените. Ако трговците продаваат по стара цена – ќе бидат казнети од 800 до 10,000 евра, зависно од големината на субјектот . Оние кои ќе го прекршат законот ќе бидат јавно објавени.