Намалување на  производството на овошје и површините под посеви е регистрирано минатата година во споредба со 2016 година.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, земјоделските површини во 2017. во однос на 2016. година се намалени за 0,1 процент.

Кај обработливата површина има зголемување кај овоштарниците, за 2,5 проценти, кај лозјата, за 0,4 проценти и кај ливадите, за 0,8  проценти.

Намалување е забележано кај ораниците и бавчите и кај пасиштата за 0,2 процента.