Народната банка во соработка со Централната банка на Холандија ја организира Тринаесеттата конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура: „Плаќањата во дигиталната ера: од внатре кон надвор“, којашто ќе се одржи на 9. и 10 декември 2021 година. Конференцијата за првпат ќе се одржи во виртуелен формат, поради пандемијата на ковид-19.

Конференцијата има меѓународен карактер, со присуството на претставници на Европската централна банка и националните централни банки од Европската Унија, Федералните резерви на САД, централните банки на земјите од регионот, Светската банка, Европската комисија, странските деловни банки, домашните регулатори, домашниот банкарски сектор, како и домашните и странските небанкарски институции коишто се засегнати страни во доменот на платежните услуги.

Во текот на Конференцијата, носителите на политиките и експертите ќе ги споделат мислењата и ќе разговараат за најновите трендови и предизвици коишто произлегуваат од влијанието на новите технологии врз пазарот на платежни услуги, промената во навиките за плаќање во дигиталната ера, можностите и предизвиците од отвореното банкарство, трансформациите водени од финтек-компаниите, отпорноста на дигиталниот простор, како и дигиталните валути издадени од централни банки.

Програмата за Конференцијата е достапна тука.