Народната банка на Република Македонија (НБРМ), во соработка со Комитетот за преобразување на Бретон Вудс од Париз, Франција (The Reinventing Bretton Woods Committee – RBWC) организира меѓународна конференција “Нова нормала” на којашто фокусот на учесниците ќе се насочи кон најновите трендови и предизвици во врска со монетарната политика, финансиската стабилност и управувањето со финансиските средства во целина.

 

Конференцијата ќе се одржи во петок (16.02.2018 година) во Скопје, а за таа цел гувернерот на НБРМ, Димитар Богов денес ќе одржи средба со медиумите.

На конференцијата главни теми на дебата ќе бидат глобалната економска експанзија, динамика на инфлацијата, финансиската стабилност и значењето на управувањето со финансиски средства во меѓународни рамки. Конференцијата ќе содржи четири сесии, а ќе им голем број на учесници.

Дел од панелистите ќе бидат Беноа Кере, член на Извршниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ), Тао Џанг, заменик главен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Луиз Авазу Переира да Силва, заменик главен директор на Банката за меѓународни порамнувања (БМП).