Европејците можеби ќе можат да уживаат во хамбургер во вредност од 8,80 евра создаден во лабораторија – во рок од две години.

Во 2013 година холандскиот старт-ап Mosa Meat создаде “култивиран” говедски хамбургер од 250.000 евра со користење на матични клетки од говедско месо, но неговиот персонал заедно со шпанската Biotech Foods велат дека трошоците за производство драматично опаднале. Од 2016 година, бројот на бизниси за чисто месо, меѓу кои и производители на месо од растително потекло, се зголеми од четири на 24. Во 2017 година, Европејците се најголеми потрошувачи на месо во светот, но исто така сочинуваат 39% од пазарот на месо добиено од растително потекло во процесот на замена на месото, со прогноза за пазарот на овој тип на месо да порасне за 8,4% до 2020 година.

 

Наум Димитровски