ТЕЦ Осломеј синоќа бил исклучен поради самозапалување на јаглен надвор од електраната, во делот за отпепелување, а информацијата ја потврди АД ЕСМ.

Термоелектраната Осломеј била исклучена од производство поради проблем со еден од вентилаторите во делот на отпепелувањето, што довело до самозапалување на помала количина несогорен јаглен и пепел.

– Настанатиот пожар од помали размери надвор од термоелектраната, е локализиран со сопствени ресурси, додека од превентивни причини е повикана противпожарната служба, согласно процедурите за запостапување. Веднаш ќе се пристапи кон санирање во делот на вентилацијата на отпепелувањето и се очекува електраната да биде вратена на мрежа во најбрзо време и да работи според планот за производство, за што е обезбедена доволна количина набавен јаглен и јаглен од сопствен ископ на РЕК Осломеј, велат тие.