Согласно со тековните информации на Народната банка во периодот од 29 до 30 ноември не се очекува прекин на клучните работни процеси на банките и на територијата на Скопје, односно сите банки ќе работат.

Сепак, за работното време на одделните експозитури, имајќи го предвид безбедносниот аспект на Самитот на ОБСЕ, ги упатуваме граѓаните да се информираат преку комуникациските канали на банката чии клиенти се.