Како што  соопшти Народната банка во март, годинава од аспект на намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапената категорија ‒ потрошувачките и станбените кредити, е забележан идентичен месечен раст од 1,2%, соодветно, при годишен раст од 10,7% и 15,4%, соодветно.

 

 

 

„Автомобилските кредити во март бележат месечно и годишно зголемување од 0,8% и 2,9%, додека кредитите одобрени на кредитни картички се непроменети на месечна основа, а забележаа годишен пад од 1,1%.

Овој месец, кај негативните салда на тековните сметки е евидентирано месечно намалување од 1,9%, при годишно зголемување од 0,4%. Во март, кредитите одобрени врз други основи остварија минимален месечен раст од 0,1%, додека на годишна основа забележаа намалување од 0,5%“, соопшти НБРМ.