Јаким Неделков, Претседателот на СОНК, вели дека во моментот не е задоволен со платите на просветните работници и оти покачувањето за кое се изборија пред две години веќе не е исто како тогаш.

Заводот за статистика не објавува колку е стапката на инфлација во Македонија, но ние знаеме пред две години колку беа цените на основните продукти за храна.

Еве веќе имаме, колегите од друг Синдикат излегуваат и соопштуваат колкава е потрошувачката кошничка во Република Македонија и споредено со претходниот месец, или претходната година – колку е зголемена, пишува Прес24.

Од таа причина, морам да кажам дека вработените во дејноста обравозание, наука и култура не се задоволни од порастот на платите и дефинитивно просветните работници заслужуваат многу повеќе, рече Неделков во интервју за Радио Слободна Европа.

Потсети дека просветните работници пред две години бараа зголемување од 25 отсто, а добија кумулативно зголемување од 22 проценти.

Појаснува дека нивното барање се должеше на зголемувањето на минималната плата.

Вели, проблемот е што платите не се усогласуваат согласно минималната плата на национално ниво.

Согласно Законот за минималната плата на национално ниво, секое поместување на минималната плата што во моментот е 15.200 мора да се направат корекции на сите плати во државата во однос на тоа колку е поместена минималната плата.

Ние сега имаме поместување на минималната плата нагоре, а останатите плата стојат на исто ниво.

Сега имаме работни места кои се вреднувани во различен коефициент на сложеност на работно место, а земаат иста плата, вели Неделков.