Мерката за субвенции на платите најверојатно нема да се укине и ќе ја има и петтиот антикризен пакет кој ќе се дефинира викендов, најави денеска премиерот Зоран Заев.

До ваква одлука е дојдено по разговорите со стопанствениците од различни дејности, при што Владата одлулила дека мерката субвенции преку плати не може туку така да се укине.

Така што на фирмите ќе им се даде опција да бираат за помош во плати или за грант односно со бескаматни кредити, каде 10-30 проценти од сумата да биде во форма на грантови.

Петтиот по ред пакет за финансиска помош ќе содржи 16 мерки.