Бизнис секторот инвестира во фотоволтаици, интерес за земјиште од шеста категорија има за во најмалата општина во Брегалничкиот регион. Општина Зрновци работи на нова индустриска зона, а парцелите до јуни ќе ги стави на лицитација. Околу пет хектари ќе бидат наменети за поставување на фотоволтаици.

Дел од градоначалниците се погласно бараат моделот за плаќање на концесија за рударството и хидроцентралите, да се применува и за сончевите централи, со што би имале дополнителни приходи во буџетите на општините.

Оваа мала рурална општина има поставено фотоволтаици на зградата на општината, градинката и спортската сала. Лани Регулаторна комисија низ цела држава  има издадено дозволи за 267 постројки.

Викторија Димитрова Јованова