valute-euro-dollaro-sterlinaНа меѓународните валутни пазари минатата недела доларот благо ослабна, но во првиот дел од неделата во однос на кошницата валути достигна ново највисоко ниво во последните 14 години.

Еврото во однос на доларот минатата недела зајакна за 0,15 проценти, на 1,0530 $, повлекувајќи се од 1,0364 $, најниско ниво од јануари 2003 година, на кое неодамна се спушти.

Вредноста на доларот во однос на јапонската валута на неделно ниво остана речиси непроменета, на 116,95 јени.

Долар индексот, што ја покажува вредноста на доларот во однос на шестте големи валути, минатата недела падна за 0,4 проценти на 101,92 поени, откако до средината на неделата достигна 103,82 поени ново највисоко ниво од декември 2002 година.

На почетокот на минатата недела доларот зајакна благодарение на знаците на забрзување на растот на американската економија, но како и на крилјата оптимизам дека најавената политика на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп ќе ги намали даноците, ќе ја зголеми фискалната и инфраструктурната потрошувачка што дополнително ќе ја зајакне економијата но и растот на инфлацијата.

Поради тоа оваа година се очекува зголемување на каматните стапки на Банката на федерални резерви и тоа три пати, во декември клучните каматни стапки се зголемија од 0,25 процентни поени.