dollarПо четири недели на континуиран раст, вредноста на доларот на светските девизните пазари минатата недела нагло падна поради малата веројатноста дека ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки пред есен.

Девизниот курс на доларот во однос на јапонската валута минатата недела потона за 3,4 проценти на 106,53 јени, што е најниско ниво во еден месец.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото скокна за 2,3 проценти на 1,1370 $, највисоко ниво од средината на мај.

Еврото во однос на јапонската валута се намали за 1,2 проценти на 121,10 јени.

Остриот пад на курсот на доларот следеше во петокот, откако беше објавено дека во мај во САД се отворени само 38.000 нови работни места, најмалку во последните пет и пол години, додека аналитичарите очекуваа 164.000.

По неочекувано слабите податоци за растот на американскиот пазар, долар индексот во петокот потона за 1,6 проценти, што е најголема дневна загуба од февруари.

Последицата за падот на доларот се спласнатите очекувањата дека ФЕД за некој месец ќе ги зголеми клучните каматни стапки, бидејќи се чини дека американската економија не расте толку брзо како што претходно се мислеше, па прашање е дали има услови за зголемување на каматните стапки.

Пред објавувањето на извештајот за вработување се сметаше дека постојат реални изгледи ФЕД да ги зголеми клучните каматни стапки во јуни или јули.