На меѓународните пазари доларот ослабе минатата недела, додека јапонскиот јен нагло зајакна, поради остриот пад на цените на акциите на светските берзи, па инвеститорите бараа побезбедно прибежиште за нивниот капитал.
Девизниот курс на еврото во однос на американската валута минатата недела се зголеми за 0,6 проценти, на 1,0925 $.
Вредноста на доларот ослабе во однос на јапонската валута за 2,5 проценти, на 117,30 ¥, на најниско ниво во последните четири и пол месеци.
Силниот раст на јапонската валута е резултат на остриот пад на цените на акциите на најголемите берзи во светот, поради што инвеститорите бараат посигурно прибежиште за нивниот капитал, како што се јенот и франкот.
Лошиот почетот на годината на Wall Street и на другите големи светски берзи е последица на превирањата на кинескиот пазар, по серијата на податоци кои покажуваат понатамошно забавување на втората по големина економија.
Инвеститорите беа вознемирени од одлуката на централната банка на Кина да допушти пад на јуанот во однос на доларот на најниско ниво од 2011 година, предизвикувајќи стравувања дека ситуацијата во кинеската економија е полоша отколку што претходно се мислеше и дека овој потег може да предизвика нов бран на девалвација на валутите на другите земји во регионот.
Во декември во САД се отворени 292.000 нови работни места, повеќе од очекуваното, што покажува дека продолжува постојаниот раст на американската економија.
Меѓутоа, во исто време нема зголемување и кај платите, што според аналитичарите значи дека инфлацијата наскоро нема да ги достигне очекуваните 2 проценти, на кој цели ФЕД. Што ги поттикна шпекулациите дека ФЕД ќе го забави темпото на зголемување на каматната стапка оваа година.
Покрај тоа, постои можност поради превирањата во пазарите ФЕД го одложи зголемувањето на каматните стапки, како што се случи во септември минатата година исто така поради несигурната ситуација на светската економија.