На светските девизните пазари минатата недела доларот продолжи да зајакнува, бидејќи инвеститорите веруваат дека економијата на САД расте доволно брзо и на тоа гледаат како можност ФЕД да донесе одлука за зголемување на каматните стапки во втората половина од годината.

Девизниот курс на еврото минатата недела ослабна во однос на американската валута за 0,3 проценти на 1,0985 $, а на средината на недела се спушти на само 1,0819 $, на најниско ниво во месец дена.

Во однос на јапонската валута, еврото, зајакна за 1,9 проценти, на 136,40 ¥. И доларот зајакна во однос јенот за 2,2 проценти, на 124,15 ¥, а во еден момент достигна и 124,46 ¥, што е највисоко ниво во последниве 12 години.

Вредноста на доларот минатата недела продолжи да зајакнува, бидејќи инвеститорите очекуваат дека ФЕД до крајот на оваа година, за прв пат по осум години, ќе ги зголеми клучните каматни стапки од рекордното ниско ниво од околу нула проценти.

Овие предвидувања не ги поколебаа проценките кои покажуваат дека бруто домашниот производ (БДП) на САД во првиот квартал паднал за 0,7 проценти во споредба со истиот период минатата година, а не се зголемил за 0,2 проценти, како што покажа првата проценка.

Падот на економијата главно се припишува на привремени причини, како што се лошите зимски временски услови и штрајковите на пристаништата. Во вториот квартал се очекува да дојде до опоравување на економијата, а аналитичарите во анкетата на Ројтерс проценуваат дека БДП ќе се зголеми за 2 проценти.

А тоа е доволно ФЕД да донесе одлука за зголемување на каматите до крајот на годината, со што доларот би добил на атрактивност, со оглед дека другите најголеми централни банки во светот водат лабава монетарна политика.

Еврото, сепак, е под притисок од неизвесноста во врска со грчката должничка криза. Грчката влада смета дека наскоро ќе се постигне договор за понатамошно финансирање за да се избегне банкрот, но официјални лица од еврозоната не го делат оптимизмот и велат дека нема да има нова помош доколку Атина конечно не поднесе агенда за веродостојни реформи.

Минатата недела на доларот најмногу зајакна во однос на јапонската валута, бидејќи се очекува дека во втората половина од годината Банката на Јапонија додатно да ја олабави монетарната политика.