1000На меѓународните девизните пазари минатата недела доларот зајакна во однос на еврото за повеќе од 2 проценти, откако новите податоците од американскиот пазар на труд ги зголемија шансите ФЕД наскоро да ги зголеми каматните стапки.

Девизниот курс на еврото во однос на американската валута минатата недела ослабна за 2,4 проценти, на 1,0742 $. Американската валута зајакна и во однос на јенот за 2,1 проценти на 123,15 ¥. Еврото ослабна за 0,3 проценти во однос јенот на 132,30 ¥.

Скокот на американскиот долар во однос на еврото на највисоко ниво во последните шест и пол месеци се случи во петокот, поради изненадувачки добриот извештај за вработеноста во САД.

Во октомври во САД се отвориле 271.000 нови работни места, многу повеќе од очекуваните 180.000 и најмногу од декември минатата година. Стапката на невработеност падна од 5,1 на 5,0 проценти, што е најниско ниво во последните осум години.

Тоа, се разбира, ги зголеми шансите ФЕД, за прв пат од 2006 година, наскоро да ги зголеми каматните стапки, што кон средината на минатата недела го најави претседателката на ФЕД Janet Yellen.

ФЕД очекува континуирано опоравување на економијата на САД и доколку тоа го потврдат идните макроекономски показатели, можно е зголемување на каматните стапки во декември, напомена Yellen во извештајот до Конгресот.

А по извештаите за вработувањето трговците веруваат дека шансите се 70 проценти дека ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки во декември, а до пред извештајот за вработувањето изнесуваа 58 проценти.