valute-640x330На меѓународните валутни пазари минатата недела доларот зајакна, четврта по ред, затоа што се поголема е веројатноста дека ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки за некој месец.

Девизниот курс на доларот во однос на јапонската валута минатата недела се зголеми за 0,1 проценти на 110,25 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се намали за 1 проценти на 1,1115 $, што е најниско ниво во последните два месеци.

Еврото ослабе и во однос на јапонската валута за 0,8 проценти на 122,55 јени.

Зајакнувањето на доларот е благодарение на серијата изјави на челниците на ФЕД дека американската централна банка може да ги зголеми каматните стапки уште во јуни или јули.

На оваа серија минатата недела се приклучи и претседателката на ФЕД Janet Yellen, велејќи дека би било соодветно да се зголемат каматните стапки за некој месец доколку растот на американската економија продолжи како што се очекува.

Доалар индексот од почетокот на мај се зголеми за 2,4 проценти и достигна 95,74 поени, што е највисоко ниво од крајот на март.