dollar 1На меѓународните валутни пазари минатата недела доларот зајакна, со што анулира дел од загубите од претходната недела, а се тргуваше претпазливо бидејќи инвеститори не се склони кон ризик во пресрет на состанокот Банката на федерални резерви-ФЕД и референдумот во Велика Британија.

Девизниот курс на доларот во однос на јапонската валута се зголеми за 0,4 проценти на 106,97 јени. Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото падна за 1,1 проценти на 1,1250 $. Еврото ослабе и во однос на јапонската валута за 0,6 проценти на 120,34 јени.

Долар индексот, кој ја мери вредноста на доларот во однос на другите шест главни светски валути, минатата недела се зголеми за 0,3 проценти, откако една недела предходно потона за 2 проценти како резултат на лошите извештаи за вработеноста во САД со што спласнаа очекувањата за можно зголемување на каматните стапки во јуни или јули.

Оваа недела во фокусот на инвеститорите ќе биде состанокот на  ФЕД од 14 до 15 јуни, а потоа и дводневната редовна седница на јапонската централна банка која почнува во среда.

Валутниот аналитичар во Bank of New York Neil Mellor верува дека неизвесноста во врска со можното гласање за напуштање на Велика Британија од ЕУ на референдумот на 23 јуни може да ги попречи централните банки да преземат нови чекори и да ги зауздаат пазарните активности на додека референдумот не помине.