valute-euro-dollaro-sterlinaНа меѓународните валутни пазари минатата недела зајакна јапонскиот јен, кој се смета за засолниште во несигурни времиња, додека еврото се најде под притисок после пораката на Европската централна банка дека е подготвена за дополнително олабавување на монетарната политика.

Девизниот курс на еврото минатата недела ослабна во однос на американската валута за 0,3 проценти на 1,1150 $. Еврото ослабе и во однос на јапонската валута на 2,5 проценти на 132,70 ¥.

Доларот во однос на јенот ослабна за 2,3 проценти, на 118,95 ¥.

Поради страв од последиците на забавувањето на кинеската економија и рецесијата во Русија и Бразил, цените на акциите на светските берзи нагло паднаа минатата недела.

А поради нестабилноста на берзите, инвеститорите го пренасочија својот капитал во инвестиции кои се именуваат за побезбедни засолништа во неизвесни времиња. Како резултат на тоа минатата недела силно зајакна јапонската валута.

Од друга страна, еврото се најде под притисок откако во четвртокот лидерите на Европската централна банка (ЕЦБ), после редовната седница објавија дека поради ниската инфлација и бавниот раст на економијата во еврозоната можно е понатамошно олеснување на веќе лабавата монетарна политика.

Претседателот на ЕЦБ, Марио Драги, изјави дека програмата за купување на обврзници може да се прошири и по септември 2016 година, првично предвидениот рок, а нејзината големина и состав може да се прилагоди.

Американската валута ослабна поради не сигурноста дека Банката на федерални резерви во септември ќе ги зголеми клучните каматни стапки. Превирањата на финансиските пазари поради застој во Кина и последиците врз целокупната глобалната економија може да ја присили ФЕД да го одложи овој потег, до крајот на оваа година или почетокот на следната година.

Извештајот во петокот покажа дека во САД во август се отвориле само 173.000 нови работни места, значително помалку од очекуваното а помалку од 245.000 колку што бројот на вработени се зголеми претходниот месец.

Од друга страна, стапката на невработеност падна од 5,3 на 5,1 проценти, што е најниско ниво од април 2008 година, додека просечната плата од час се зголеми за 8 центи.