valute-640x330На меѓународните валутни пазари минатата недела курсот на еврото падна за повеќе од 1 процент во однос на американскиот долар и јапонскиот јен, затоа што се очекува натамошно олабавување на монетарната политика на Европската централна банка (ЕЦБ).

Девизниот курс на еврото во однос на доларот падна за 1,1 проценти на 1,1130 $, а во еден момент се спушти и под 1.11 $. Европската валута ослабе и во однос на јенот за 1,7 проценти, на 125,30 ¥, а во еден момент допре и 125,26 ¥, што е најниско ниво од јуни 2013 година. И доларот ослабе во однос на јенот за 0,5 проценти на 112,60 јени.

Падот на курсот на еврото е резултат на очекувањата на инвеститорите дека ЕЦБ во март би можела дополнително да ја олабави монетарната политика, поради слабеењето на економијата во еврозоната и ниската инфлација.

Во говорот на претседателот на ЕЦБ Mario Draghi пред Европскиот парламент рече дека централната банка е подготвена да ја одигра својата улога во зајакнувањето на економијата и поттикнување на растот на инфлацијата која е далеку од посакуваното ниво на ЕЦБ од околу 2 проценти.

“Ние нема да се двоумиме да го направиме тоа”, изјави претседателот на Европската централна банка.

Големата криза на глобалните финансиски пазари од почетокот на годината ги анулира поголемиот дел од иницијативите кои ЕЦБ ги воведе во декември минатата година, па е зголемен притисок врз банката дополнително да ја олабави монетарната политика.

Во декември ЕЦБ дополнително ги зголеми негативните каматни стапки на депозитите на банките на своите сметки за 0,10 процентни поени, на минус 0,30 проценти и ја продолжи имплементацијата на програмата во вредност од 1.500 милијарди евра за шест месеци. На овој начин се обидува да го поттикне кредитирањето, а со тоа и економскиот раст и инфлацијата.

Записникот од недамнешниот состанок на ФЕД покажа дека челниците се загрижени поради превирањата на финансиските пазари кои би можеле да се одразат врз економијата на САД и дека тие разговарале за промена на плановите во делот на каматните стапки.

Кога ФЕД во декември за прв пат од 2006 година ги зголеми каматните стапки, најави дека оваа година би можеле да ги зголемат уште во четири наврати.

Сепак, поради забавувањето на американската економија, ниската инфлација и превирањата на финансиските пазари, ФЕД веројатно ќе се откаже од оригиналните планови.