Еврото минатата недела на девизните пазари зајакна, благодарение на намалувањето на тензиите во врска со Грција, но неговиот подем беше ограничен поради застојот на економијата на еврозоната.
Девизниот курс на еврото во однос на американската валута за зајакна за 1,4 проценти до 1,0985 $, а во еден момент се проби и над 1.10 $ .
Еврото зајакна и во однос на јапонската валута, а нејзината цена се зголеми за 1,2 проценти на 135,95 ¥.
Доларот во однос на јенот ослабна за 0,2 проценти, на 123,80 ¥.
Зајакнувањето на еврото е благодарение на смирувањето на ситуацијата во Грција откако доби кредит од членките на еврозоната, со којги отплати долговите кон ММФ и Европската централна банка (ЕЦБ). Исто така, грчкиот парламент го одобри вториот пакет на реформи кои се барани од кредиторите.
Со тоа се исполниа условите за почеток на преговори помеѓу Грција и нејзините кредитори за нов трет пакет меѓународна финансиска помош, во вредност од 86 милијарди €, кој ќе и овозможи отплата на долговите на земјата во текот на следните неколку години.
За слабоста на економијата во еврозоната покажува извештајот на истражувачката фирма Маркит, според кои индексот на производство PMI во јули е намален од 54,2 на 53,7 поени, а тоа е поголем пад на овој индекс одколку што аналитичарите очекуваа.
Како што ЕЦБ веројатно подолго време ќе води лабава монетарна политика, доларот има простор да зајакне во однос на еврото, велат аналитичарите, бидејќи во САД се очекува сосема спротивен потег на централната банка – монетарна стега.
Основната каматна стапка на ФЕД веќе шест години се движи на рекордно ниско ниво од околу нула проценти, а благодарение на стабилниот раст на економијата на САД, до крајот на годината ФЕД најверојатно ќе ја подигне каматната стапка.
Повеќето трговци и аналитичари очекуваат дека поради различните монетарни политики спроведени во САД и еврозоната еврото да продолжи да ослабнува во однос на доларот. Сепак, некои веруваат дека зголемувањето на каматните стапки во САД уште сега генерално е вклучено во курсот на таа валута.